Брнабиќ: Опасен преседан е да се блокира земја со билатерални квазипроблеми

од Берта Китинска

Српската премиерка Ана Брнабиќ која присуствуваше на меѓувладината конференција  во Луксембург коментирајќи го спорот помеѓу Бугарија и С.Македонија вели дека е направен опасен преседан со тоа што билатерални прашања кои немаат никаква врска со европските интеграции се користат да се стави вето и тоа може во иднина да биде искористено и од други земји членки на ЕУ.

„ Видовме преседани дека некои пар екселанс билатерални прашања кои немаат никаква врска со европските интеграции на една земја се поставуваат како непробоен ѕид на патот на европските интеграции на некоја друга наша соседна држава. Мислам дека тоа е опасен преседан и дека, за жал, можеби ќе биде користен од некои други членки на ЕУ. Мислам дека тоа не е европска вредност.Јас, како загрижен Европеец, верувам во европски вредности и во нашиот европски пат и без оглед на тоа дали ќе бидат отворени или затворени поглавја, дали ќе има позитивни сигнали, ние ќе продолжиме со реформите. Е сега, ако ЕУ сака да стане такво семејство на нации во кое некои држави членки ќе условуваат некои други земји, иако тие имаат сè исполнето, со решавање на некакви билатерални прашања или квазибилатерални проблеми, тогаш тоа е проблем на ЕУ, и тоа се работи со кои ниту можам, ниту сакам да се занимавам“, кажа Брнабиќ, одговарајќи на новинарско прашање.

Таа рече дека не треба да се очекува ЕУ да „направи огромни разлики“ меѓу земјите од Западен Балкан.

„За жал, , што и да направиме, тоа ќе не задржи додека не видиме позитивни случувања од Албанија и Северна Македонија. Значи, ние секогаш лобираме за целиот регион и секогаш зборуваме за тоа што сториле нашите партнери во регионот и колку заслужуваат да добијат датум за почеток на преговорите со ЕУ“, рече премиерот на Србија.

Слични содржини