Брнабиќ: За општ напредок потребна е интеграција на регионот во ЕУ

од Stefanija Kuzmanovska

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, денеска на Преспанскиот форум во Охрид изјави дека за општиот напредок на регионот е неопходно Западен Балкан да се интегрира во Европската Унија.

Брнабиќ посочи дека двата клучни приоритети на Србија се пристапувањето во Европската унија и соработката со земјите од регионот, посочувајќи ја важноста на иницијативата „Отворен Балкан“.

Премиерката на панелот „65 години по Римскиот договор: Дали Европа е економски обновена и интегрирана?“ оцени дека тоа се уште не е така и дека не може да има општ развој и напредок без интеграција на Западен Балкан во Унијата.

Слични содржини