Бројот на загинати во хеликоптерската несреќа во Украина е 14

од Stefanija Kuzmanovska

Бројот на загинати во несреќата која се случи при падот на хеликоптерот во градинка во градот Бровари во Украина се искачи на 14, јавува „Ројтерс“.

Ова го соопшти Украинската служба за вонредни ситуации и додаде дека меѓу жртвите има и едно дете.

Иако локалните власти претходно објавија дека бројот на загинати е 18, Зеленски рече дека точниот број се уште не е утврден.

Меѓу загинатите е и министерот за внатрешни работи на Украина.

 

Слични содржини