Бројни кошаркарски легенди се збогуваа со Дуда Ивковиќ, присутен и Антиќ

од Vladimir Zorba

Душан Дуда Ивковиќ, прославениот кошаркарски тренер, беше погребан денеска на Новите гробишта во Белград.

Ивковиќ почина на 16 септември по кратко боледување на 78 -годишна возраст.

Бројни кошаркарски легенди пристигнаа на комеморацијата и погребот за да им оддадат последна почит на великаните на српската и европската кошарка.

Меѓу нив се Жељко Обрадовиќ, Светислав Пешиќ, Димитриос Итудис, Дино Раџа, Владе Дивац, Дејан Бодигора, Дејан Томашевиќ, Јуре Здовц, Никола Пековиќ … како и познатиот грчки кошаркар Василис Спанулис, кој Ивиковиќ тренираше во Олимпијакос.

На погребот присуствуваше и поранешниот репрезентативец на Македонија и актуелен прв човек на КФСМ, Перо Антиќ

Слични содржини