Бројот на новозаразени во Иран е во пад веќе десет дена

од Aleksandar Petrovski

Бројот на новозаразени во Иран е во пад веќе десетти ден, изјави портпаролот на иранското Министерство за здравство, Кијанос Џаханпор.

Во последните 24 часа во Иран имало 1.634 нови случаи на зараза со коронавирусот, вкупно 66.220 досега, рече Џаханпор. Тој додаде дека во истиот период 117 лица починале и оти вкупниот број на смртни случаи од оваа болест во Иран е 4.110.

Бројот на излекувани пациенти изнесува 32.309.

Трендот на намалување на новозаразени во Иран почна пред десетина дена, откако достигна врв од 3.186 потврдени нови случаи на 30 март.

Слични содржини