Бројот на загинати во Турција расте, повеќе од 700 повредени

од Nikola Popovski

Бројот на починати во Турција расте по разорниот земјотрес. Според последните информации на министерот за животна средина и урбан развој, Мурат Курум, 17 лица го загубиле животот, а над 700 се повредени. Спасувачките екипи и локалното население трагаат по преживеани.

Градоначалникот на градот Сеферихисар во провинцијата Измир, Исмаил Јетискин, изјави дека за време на земјотресот имало рибари на морето, чија судбина засега не е позната.

Градоначалникот шпекулира дека меѓу нив може да има жртви.

Директорот на опсерваторијата Кандили, Халук Озенер, вели дека земјотресот бил со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала и дека за време на земјотресот се формирал тектонски расед долг 30-40 километри.

Земјотресот ги погоди грчките острови и дел од Турција на Егејското Море нешто пред 14 часот.

Медиумите јавуваат дека земјотресот бил почувствуван сè до Истанбул и Атина. По силниот земјотрес, се почувствувале и малку послаби земјотреси.

Министрите за надворешни работи на Турција и Грција, Мевлут Чавушоглу и Никос Дендиас, се согласиле да обезбедат заемна помош по земјотресот, изјавил извор од Министерството за надворешни работи на Турција за новинските агенции.

„Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендиас, телефонски го повикал нашиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и изразил сочувство за земјотресот што го погоди Измир. Министрите се согласиле да обезбедат взаемна помош и поддршка во случај на потреба“, рекол соговорникот.

Според него, страните се согласиле да останат во постојан контакт.

Слични содржини