Бројот на жртви од коронавирус во Велика Британија е близу 10.000

од Vladimir Zorba

Смртните случаи од коронавирус во Велика Британија се зголемија за 917 на 9.875, соопштија официјалните лица.

Во соопштението се вели дека се заразени 78.991 лица.

Официјалните лица во Велика Британија се надеваат дека наскоро ќе кулминира бројот на заболени, примени во болница и смртни случаи, што ќе ги олесни блокадите и ограничувањата.

Претходно беше објавено дека 70.783 се заразени, а 8.958 починале.

Слични содржини