Бруно ле Мер: Протестите сериозно ќе влијаат на економијата, Макрон се подготвува за „важна изјава“ неделава

од Vladimir Zorba

Движењето и протестите на „жолтите елеци“ ќе имаат сериозно влијание на националната економија, изјави денеска францускиот министер за финансии Бруно ле Мер.

– Може да очекуваме ново забавување на економскиот раст на крајот на годината поради протестите, изјави францускиот министер.

Материјалната штета од вчерашните протести на „жолтите елеци“ во Париз се поголеми од оние од пред една недела, кога беа оштетени некои од знаменитостите во градот, како што е Триумфалната капија.

– Многу поголема штета е направена вчера, отколку пред една недела, изјави денеска заменикот-градоначалник на Париз Емануел Григор, кој е задолжен за финансиите на градот.

– Економската цена е значително повисока, рече тој, појаснувајќи дека многу продавници останале затворени за време на викендот, иако во тек е традиционалната претпразничка шопинг сезона. Во вчерашните протести беа опожарени голем број возила, искрешени се излози на продавници и ресторани.

Францускиот претседател Емануел Макрон оваа недела ќе даде „важна изјава“, објави денеска неговиот портапрол по протестите во државата поради растот на животните трошоци.

Слични содржини