Бучковски за „Дневник“: Ако Заев не го стабилизираше мнозинството, приказната со Бугарија ќе беше завршена

од Vladimir Zorba

Да не успееше Заев да го стабилизира парламентарното мнозинство, приказната ќе завршеше, па убеден сум дека сега е вистинскиот момент за решение. Мнозинството во нашиот парламент сега е зајакнато, додека се знае дека во Бугарија има политичка влада, да видиме дали ќе го направиме тоа следниот месец, вели во интервју за бугарски „Дневник“ професорот Владо Бучковски.

На прашањето како може Бугарија да има гаранции дека што и да се постигне како договор ќе се зачува и заминувањето на Заев, ако тој лично е гарант да се случат работите, специјалниот претставник на земјава за спорот тврди дека „Заев е дополнителна гаранција дека можеме да се договориме“.

– И во договорот ќе имаме гаранции дека ќе се исполни. Ова се некои од работите за кои веруваме дека пакетот сè уште не е завршен. Гаранциите се делот од сложувалката кој се уште не е доволен и мора да се договори во завршна фаза. Очигледно, кога довербата е скршена, тогаш гаранциите во договорот мора да бидат дополнителен притисок, смета Бучковски.

За тоа дали С. Македонија го чувствува притисокот однадвор за решение со Бугарија, професорот вели дека „тоа е очигледно“.

– Не можеме да најдеме решение, а Бугарија магично да каже: „ја креваме блокадата, нема веќе блокада, мора да кажеме зошто“. Најдовме решение за краткото и долгото име, внатрешните работи, пример до шестата точка. За шестата точка оставам отворен простор за новата влада и нашата на чело со Заев. Од потпишувањето на договорот во 2017 година, Заев даде многу за да се најдат решенија кои ќе бидат одржливи и во бугарската и во македонската јавност. Имаме притисок и од опозицијата, која покажува нервоза; ако ВМРО-ДПМНЕ е нервозна и обвинува за предавство, знајте дека работите се движат и може да има договор. Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека што и да договори Заев сега ќе биде ништовно. Јас сум умерен оптимист, но мислам дека Бугарија не треба да ја пропушти историската шанса“, додава тој.

Слични содржини