Цената на американскaта WTI падна на најниско ниво оваа година

од Vladimir Zorba

Цената на барел референтна американска нафта WTI забележа голем пад на затворањето на тргувањето денеска и падна на најниско ниво оваа година, откако пазарите сè уште се загрижени за падот на побарувачката.

Нафтата WTI за испорака во јануари денеска падна за 3,48 отсто на 74,25 долари за барел.

Цената на нафтата „брент“ денеска падна под симболичното ниво од 80 долари за барел, оптоварена од потенцијалните скокови на каматните стапки од страна на големите централни банки во услови на неизвесност за влијанието на новите санкции воведени врз руската сурова нафта.

Кон крајот на денешното тргување на берзата во Париз, барел „брент“ за испорака во февруари загуби 3,35 отсто од вредноста и се продаваше за 79,91 долар.

Падот на цената на нафтата е забележан ден по стапувањето во сила на европското ембарго, како и ценовните лимити на руската нафта од 60 долари за барел, кои ги воведоа Г7, ЕУ и Австралија.

Слични содржини