Чадеж: „Отворен Балкан“ донесе зајакнување на политичката доверба која ја гради иднината во овие региони

од Vladimir Zorba

Најголем напредок направивме во олеснувањето на меѓусебната трговија. Си ги препознавме фитосанитарните и ветеринарните сертификати, го усогласивме работното време на граничните служби и го намаливме времето на чекање на границите. Ова значи многу за компаниите. Граѓаните ќе почувствуваат опипливи придобивки, како што очекуваме, со претстојното усвојување на потпишаниот договор во македонскиот парламент, што ќе овозможи спроведување на заедничките дозволи за работа. Дополнително, „Отворениот Балкан“ донесе зајакнување на политичката доверба која ја гради иднината во овие региони, вели Марко Чадеж, претседател на Стопанската комора на Србија.

На прашањето зошто претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, нема доверба во иницијативата, откако неодамна изјави дека воведувањето на Црна Гора во „Отворен Балкан“ е еднакво на велепредавство, Чадеж вели дека во контакт се со бизнисмени од Црна Гора кои не мислат така.

-Мислам дека во Црна Гора тоа стана внатрешно политичко прашање меѓу партиите, што нема никаква врска со суштината на „Отворен Балкан“. Најдобар лек за промена на тоа се видливите, конкретни придобивки од оваа иницијатива. Важно е во овој проект да се вклучи и остатокот од регионот, вклучително и Црна Гора, со цел заеднички да се забрзаат регионалните интеграции, но и интеграцијата на регионот во европскиот економски простор. Дел од одговорноста е и на ЕУ, која вешто избегнува да каже дека штом исполниме некој услов, ќе преминеме на следниот чекор. Тој прв чекор не е полноправно членство, туку уживање во четирите слободи и слободен пристап до единствениот пазар, а потоа движење кон полноправно членство, додава Чадеж за „Политика“.

Слични содржини