Чадиковски по изборот: Најголем собир во историјата на македонското новинарство, задоволен сум што новинарит се обединија

од Vladimir Zorba

Среќен сум и задоволен што новинарите денеска се обединија. Денеска направивме еден собир, да речам, најголем во историјата на македонското новинарство, каде повеќе од 450 новинари, сниматели и медиумски работници дојдоа демократски, на фер начин да си го искажат своето мислење за тоа каде треба да се движи новинарството понатаму, изјави избраниот претседател на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Малден Чадиковски.

Изрази задоволство дека сите заедно, учесниците, конкурентите, Управниот одбор и сите оние што ќе значат дел од органите на ЗНМ во иднина, ќе продолжат да работат на принципите на професионалност, правда, етика во новинарството со намера да се „засили и зголеми потенцијалот на македонските новинари, сниматели и медиумски работници“.

– Зошто? За да можеме најверно да им служиме на оние за кои постоиме, а тоа се граѓаните, истакна Чадиковски.

Новинарите, вели тој, треба да се фокусираат на проблемите на граѓаните затоа што само така подобро ќе влијаат за да ги подобрат состојбите во општеството.

Слични содржини