Чалханоглу го предаде Милан и потпиша за Интер!

од Nikola Popovski

Шампионот на Италија, Интер официјализира големо засилување.

Турскиот играч за врска Хакан Чалханолу пристигна од градскиот ривал Милан и тоа без обесштетување.

Договорот на Чалханолу со „росонерите“ истече со претходно одложување на потпишувањето на новиот, по што следеше промена на соблекувалната на стадионот „Џузепе Меаца“ за поголема плата.

До вчера „десетката“ на Милан му зададе голем удар на поранешниот клуб, кој исто така остана и без голманот Џанлуиџи Дорунарума (прејде во ПСЖ).

Чалханолу ќе го замени Кристијан Ериксен во Интер.

Слични содржини