Четири позитивни на Ковид-19 во Премиер лигата

од Vladimir Zorba

За време на последната рунда на тестирање на фудбалери и членови на тимот во Премиер лигата, беа пронајдени четири позитивни за коронавирусот.

Како што беше објавено вечерва од Премиер лигата, тие четири лица треба да бидат во изолација 10 дена.

Лигата не го откри идентитетот на заразените.

Од минатиот понеделник до недела, во клубовите од Премиер лигата беа извршени 2.131 тест за вирусот.

Новата сезона во Премиер лигата започна во саботата.

Слични содржини