Четири причини зошто камбекот на Борис Џонсон може да заврши неуспешно

од Берта Китинска

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон предизвикува поделени мислења и меѓу ториевците и низ целата земја.

Неговите конзервативни поддржувачи сметаат дека тој е единствениот човек кој има шанса да победи на изборите за премиерската функција на нивната партија, пишува Гардијан.

Тие истакнуваат дека Џонсон, и покрај тоа што поднесе оставка во јули поради серија скандали, сепак може да победи со оглед на тоа што ториевците освоија мнозинство од 80 места на изборите во 2019 година.

Сепак, некои од редовите на конзервативците веруваат дека неговото враќање на Даунинг стрит број 10 би било покатастрофално и од минатиот и од краткиот мандат на Лиз Трс, од четири причини.

1. Враќањето на Џонсон ќе ја подели, а можеби и ќе ја уништи Конзервативната партија

Обележан со скандали, вклучително и т.н.

Мнозинството конзервативни пратеници тогаш сметаше дека тој треба да поднесе оставка, како и голем дел од гласачкото тело.

Ако се врати – како неговото заминување да не е предизвикано од принципиелни прашања – тоа ќе предизвика гнев кај многу пратеници и поранешни министри.

Голем број поранешни министри би одбиле да ја преземат функцијата или да го поддржат Џонсон, а некои членови на парламентот би ја напуштиле партијата.

Партијата, која веќе е обележана со поделби, на тој начин веројатно нема да може да владее во време кога економијата е во криза, а ториевците заостануваат 30 поени во анкетите.

2. Најлошиот дел од „Партигејт“ – и откривањето на улогата на Џонсон во него – допрва доаѓа

Некои пратеници, и лабуристите и ториевците, веруваат дека истрагата на Комитетот за парламентарни привилегии на Долниот дом за тоа дали Џонсон ги заведувал пратениците за нелегални забави за време на пандемијата „Ковид-19“ ќе произведе докази толку огорчени што тој би можел „да се заврши до Божиќ“ ако тој се врати на премиерската позиција.

Голем број документи на Даунинг стрит веќе и се предадени на Хариет Харман, пратеничката од Лабуристите што ја води истрагата на Комитетот.
Сослушувањата на кои се очекува да се појави Џонсон треба да започнат во ноември.

Ако се утврди дека Џонсон го довел во заблуда Парламентот, тој може да биде суспендиран, што ќе ја направи неговата позиција неодржлива.

3. Економијата и пазарот би биле дестабилизирани – повторно

Џонсон никогаш не бил познат по финансиската дисциплина, а по катастрофата со нефинансираните даночни намалувања што ги воведе Лиз Трус, неговото враќање повторно би можело да го потресе финансискиот пазар, кој донекаде се смири откако Џереми Хант направи некои промени, отфрлајќи го нејзиниот економски план.

Покрај тоа, Џонсон е лично поврзан со многу скапи инфраструктурни проекти кои најверојатно ќе бидат цел на кратења на јавните трошоци.

Неговото враќање според тоа би изгледало како чекор наназад и има мали шанси тој да донесе стабилни времиња за финансискиот пазар.

4. Десничарски медиуми и јавно мислење

Сега дури и некои од водечките десничарски политички коментатори во Велика Британија тврдат дека Џонсон треба да се повлече и да не се обидува да се врати на премиерската функција.

Неговото време помина – веруваат.

Чарлс Мур го изрази ова мислење во својата колумна во Дејли Телеграф.

Истото го мислат и колумнистите на Сан и Дејли Мејл, кои не сакаат да ја повторат грешката да ги поддржат губитниците, како што направија со Лиз Трус.

Слични содржини