Четири знаци кои покажуваат дека сте под стрес

од Vladimir Zorba

Понекогаш стресот доаѓа бавно и тивко, по многу тешки и напорни ситуации, па всушност е многу тешко поединецот да го забележи.

Има некои симптоми кои се занемаруваат и се припишуваат на разни работи, а всушност главен виновник е долгорочното вознемирување во секојдневниот живот.

Симптомите што се појавуваат често се игнорираат, но тоа не треба да биде така. Доколку ги забележите, би било добро да го забавите темпото на живот или да се консултирате со стручно лице.

Потење

Дали одеднаш забележавте дека обилно се потите дури и кога не правите нешто тешко? Тоа може да биде поради анксиозност.

Шкрипење со заби (бруксизам)

Најчесто луѓето тоа го прават додека спијат, стискаат заби или „чкртаат“, а тоа најлесно се препознава по болката во вилицата која се јавува веднаш по будењето.

Дополнително, доколку го правите тоа подолг временски период, ќе забележите дека изгледот на вашите заби се менува, се губат рабовите, односно стануваат порамни, па забите изгледаат истрошено.

Стоматолозите сметаат дека најчеста причина за бруксизам, која е несвесна навика, е стресот.

Губење на косата

Почнавте да забележувате дека косата повеќе ви опаѓа, понекогаш прамен по чешлањето и миењето на косата. Време е да забавите и да работите на намалување на стресот.

Овој феномен се јавува само шест до 12 недели по стресните настани, затоа немојте да го игнорирате.

Сува уста

Дали постојано чувствувате жед, а устата ви се суши? Иако е добро и се препорачува лесно да се пие вода во текот на денот, доколку телото наеднаш бара големи количини, можно е да е под стрес.

Долготрајниот стрес ги блокира плунковните жлезди и како резултат на тоа се јавува „сува уста“.

Слични содржини