Членките на ЕУ не успеаја да се договорат за деветтиот пакет санкции против Русија

од Stefanija Kuzmanovska

Членките на Европската унија (ЕУ) не успеаја да се договорат за деветтиот пакет санкции против Русија, во пресрет на денешниот самит во Брисел, последен годинава.

Според дипломатите, како што пренесе „Ројтерс“, членките се приближиле до договор во преговорите во средата, но Полска и некои други земји сè уште имаат забелешки.

Новите санкции против Москва беа суспендирани поради несогласувањата околу тоа дали Европската унија треба да го олесни минувањето на извозот на руски ѓубрива низ европските пристаништа, дури и кога компаниите што го произведуваат се во сопственост на олигарси на црната листа.

Некои земји ги гледаат ограничувањата на ЕУ како закана за безбедноста на храната во земјите во развој, додека други тврдат дека нивното олеснување ќе им овозможи на руските олигарси, сопственици на компании за ѓубрива, да ги избегнат санкциите на ЕУ.

Слични содржини