Човечки фактор причина за трите пожари денеска во Кавадарци

од Stefanija Kuzmanovska

Човечки фактор била причината за три пожари денеска во Општината Кавадарци, информираа попладнево од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

„Денеска благодарение на брзата интервенција на ТППЕ Кавадарци, на три локации на отворено – ваташки гробишта, под каналот кај село Манастирец и на релација село Бегниште – Кошани, е спречено ширење на пожари без поголема материјална штета. Инаку, според информациите кои ги имаме од терен, човек е причината за предизвикување на истите“, соопштија од кабинетот на градоначалникот.

Оттаму апелираа до населението за внимателност, со цел превентивно да се влијае и да се спречи евентуално настанување на пожар.

Слични содржини