Човекот кој го украде лаптопот на Ненси Пелоси пронајден мртов

од Stefanija Kuzmanovska

Кристофер Стентон, американски државјанин од државата Џорџија, кој го украде лаптопот на Ненси Пелоси за време на неодамнешните протести во Капитол, беше пронајден мртов во неговиот дом.

Американските медиуми јавуваат дека Стентон упаднал во канцеларијата на претседателката на Претставничкиот дом, објавил фотографија од нејзиното биро и го украл лаптопот.

Телото на мажот го пронашла неговата сопруга во подрумот на куќата. Лежел во локва крв.

Поддржувачот на претседателот Доналд Трамп работел како управител во локална банка.

Форензичарите во округот Фултон велат дека смртта на Стентон е самоубиство.

Познаниците на Стентон се сомневаат дека нивниот пријател се одлучил за ваков драстичен чин затоа што му се заканувала блага казна.

Слични содржини