Чудо во Буенос Аирес – короната ги „уништи“, останаа без голман, но на крај победија! (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Фудбалерите на аргентинската Ривер Плата се соочија со невидени тешкотии пред натпреварот од групната фаза на Копа Либертадорес, но тие успеаја да победат и покрај тоа што сите нивни голмани беа заразени со коронавирусот.

Ривер беше домаќин и го победи колумбискио Санта Фе со 2:1 во петтото коло од групата Д на Копа Либертадорес, а пред натпреварот доживеа голема несреќа.

Имено, Марсело Гаљардо имаше на располагање вкупно 11 играчи, бидејќи дури 20 од нив добија позитивен тест за корона.

Да биде работата уште полоша, сите четворица голмани кои можеа да играат против Санта Фе беа меѓу заразените, па Енцо Перез, играчот за врска, беше меѓу стативите на Ривера.

Фудбалската конфедерација на Јужна Америка претходно, во согласност со епидемиолошката состојба, им дозволи на тимовите да регистрираат 50 играчи, но Ривер одби и предаде список со 32 имиња.

Со оглед на тоа што 38-годишниот Хавиер Пињола беше повреден, односно се опоравуваше од скршеница на подлактицата, Ривер многу лесно можеше да дојде во ситуација да мора да го предаде мечот, што значително би ги загрозило нивните шанси за пласман во следната фаза на Копа Либертадорес.

Како и да е, се случи чудо во Буенос Аирес, па Ривер дојде до победа…

Слични содржини