ЧУДО ВО ГЕРМАНИЈА! Хофенхајм ја прекина неверојатната серија на Баерн

од Vladimir Zorba

Чудо се случи во 2. коло од Бундеслигата, Баерн загуби.

Хофенхајм го совлада европскиот првак на домашен терен со резултат 4:1 и направи вистинска сензација.

Андреј Крамариќ постигна два гола за домаќините, а во списокот на стрелците се запишаа и Емир Биќакчиќ и Конас Дабур.

Единствениот погодок за гостите го постигна Џошуа Кимих.

Со оваа победа Хофенхајм ја прекина неверојатната серија на Баерн од 23 победи.

Слични содржини