Чулев добил судски спор против Владата: Незаконски поништила 88 распоредувања во МВР

од Nikola Popovski

Управниот суд донел пресуда со која ја прифатил тужбата од министерот за внатрени работи Наќе Чулев и ги поништил решенијата на Владата со кои биле поништени негови одлуки за 88 распоредувања на работно место.

Тужбата на министерот Чулев се однесува на одлука на Владата донесена на почетокот на февруари, а со која беа поништени вкупно 88 решенија за распоредување донесени од страна на Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

„Ваквата одлука на Управниот суд е уште една потврда за погрешните политики кои ги спроведува Владата, а кои се спротивни на законот, но и доказ дека зад сите одлуки на Владата поврзани со Министерството за внатрешни работи стојат исполнување исклучиво на политички цели. Претходната одлука донесена од страна на Државната комисија за спречување на корупција и оваа пресуда од Управниот суд се потврда на моите тврдења дека распоредувања во Министерството за внатрешни работи се во согласност со законот. Во таа насока ги охрабрувам вработените во Министерствот за внатрешни работи и во иднина да постапуваат соглсно со законот и да ги почитуваат актитe кои се донесени од моја страна, затоа што тие се во согласност со законот што во суштина и единствен концепт на кои се заснова моето работење и раководење со министерството, а што потврда се и одлуките на ДКСК и Управниот суд“, вели министерот Чулев.

Слични содржини