Чулев за случајот со Дончев: Добивме повик од ОЈО, МВР не се вклучува во политичката кампања

од Nikola Popovski

Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, за емисијата „Само вистина“, на прашање дали МВР се вклучува во политичката кампања изјави дека тоа не е точно, односно тоа се чиста коинциденција со поднесените пријави во овој период.

„За случајот со Ден Дончев, се работи за нормален полициски процес врз основа на објавените снимки со парите, по повик од страна од ОЈО. Лицето дојде во полициска станица Карпош, беа извршени разговори, во присуство на адвокат. За понатамошното постапување се зависи од насоките, кои што ќе бидат дадени од страна на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал“, вели Чулев.

Според него, многу е тешко да се открие кој објавува снимки на Јутјуб и на останатите социјални мрежи.

„Ни треба налог од ЈО, после тоа се изготвува соодветен предмет, а потоа се бара од Твитер, Фејсбук, Јутјуб да ни ги даде сопствениците. Тие користат IP-адреси низ различни делови од светот, а Твитер и Фејсбук не ни одговараат“, тврди Чулев.

Слични содржини