ЦУК: Пожарот во Катланово е локализиран и се догасува од пожарникари

од Vladimir Zorba

По известување за пожар во Катланово, добиено во ЦУК на Единствениот број за итни случаи 112, пожарникари на Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) на Град Скопје и Јавното претпријатеие „Национални шуми“ веднаш излегле на терен, по што огнената стихија е локализирана.

-Регионалниот ЦУК Скопје координирале со првите известувања при што надлежните институции веднаш излегоа на терен и ситуацијата е ставена под контрола. Командантот на БППЗ на Град Скопје при контактите со ЦУК посочи дека нема потреба од дополнителни сили и дека сами се справуваат со пожарот. Попладне ЦУК, во Секторот за операции и координација, доби известување дека пожарот е локализиран, стои во соопштението од ЦУК.

Јавното претпријатеие „Национални шуми“ – подружница „Караџица“ информира и дека горела нискостеблеста шума и сува трева. Нивна екипа и екипи на БППЗ, дополнитено ќе бидат на терен и ќе ја следат ситуацијата додека се доизгасне пожарот целосно, посочуваат од ЦУК.

Слични содржини