„Д фестивал“ со над 40 домашни и странски изведувачи во Штип

од desk2
21 прегледи

Во Штип вечерва почнува „Д-фестивал“, на две сцени и со над 40 изведувачи.

Годинашното е 15-то фестивалско издание ќе биде во знакот на хуманоста – собраните пари ќе бидат дадени на настраданите од несреќата во Кочани.

Фестивалот почнува во 18 часот.

Организаторите потенцираат дека оваа година од 4 до 6 јули ќе има преку 40 изведувачи на двете сцени. Инаку, во сите три дена ќе може да се слушне музика за сечии вкус, како со изведувачи од Македонија со македонска музика, така и со изведувачи од странство, а во Штип дојдат и музичари и бендови од Јамајка и Естонија.

Слични содржини