Д-р Петличковски за маските: Во такси има мал волумен на воздух, во маркет ретко стоите во иста позиција

од Nikola Popovski

Претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Александар Петличковски смета дека во моментов ризикот за некаква сериозна компликација со Ковид-19 е многу низок.

-Поради тоа се одлучивме да предложивме укинување на скоро сите рестриктивни мерки. Го следиме движењето секојдневно, ќе реагираме навремено доколку има потреба, вели Петличковски.

Во однос на носењето на маски, докторот ја објаснува разликата од ризикот во продавница и ризикот од затворен мал простор како на пример такси.

-Во такси човек поминува повеќе од 15,20 минути во мал волумен на воздух и шансите да го пренесе ризикот се многу големи. Во маркет ретко поминуваме во иста позиција во директен контакт со некој друг, повеќе од 5 минути. Контактот е со продавачот многу краткотраен, волуменот е поголем и шансите за зараза се помали. Во болниците и аптеките идејата е да се заштитат ризичните категории и оттука планот за задржување на маските, информира Петличковски во Дневникот на Тв Сител.

Слични содржини