Д -р Полард: Имунитет на стадо е невозможен поради делта сојот, трета доза на вакцина е непотребна

од Stefanija Kuzmanovska
479 прегледи

Постигнувањето колективен имунитет не е можно со оглед на моменталната делта варијанта на коронавирусот, навел професорот Ендрју Полард, шеф на тимот за развој на вакцини во Оксфорд, кој исто така верува дека трета доза на вакцината против ковид не е потребна во овој момент.

Тој рече дека фактот што вакцините не го спречија ширењето на ковид, значи дека колективниот имунитет стана „мит“.

Како што објасни, јасно е дека делта видот, исто така, може да ги инфицира вакцинираните луѓе, што го прави невозможно да се постигне колективен имунитет дури и со висока покриеност за вакцинација, објави „Гардијан“.

– Проблемот е што овој вирус не е сипаници. Ако 95 отсто од луѓето се вакцинирани против големи сипаници, вирусот не може да се шири кај населението – рече тој пред парламентарната комисија.

Според него, третата доза на вакцината во овој момент не е потребна, а вишокот треба да се донира во други земји.

Тој е со став дека одлуката за вакцинација со трета доза треба да се базира на научни истражувања, нагласувајќи дека досега нема докази за зголемување на тешките форми на болест и смрт кај лица кои примиле две дози од вакцината.

Слични содржини