Д-р Ристиќ предупредува: Изгледа дека вирусот мутирал, сега е поопасен и позаразен, оваа група е најзагрозена

од Aleksandar Petrovski

Тешка клиничка слика е можна и кај младите луѓе и, според статистиката, тие во моментов се најзагрозени, вели познатиот српски кардиохирург Миљко Ристиќ.

– Вирусот корона се покажа како исклучително лукав и откривме дека не знаеме многу работи за него. Сметавме дека вирусот ќе биде потежок за преживување на високи температури, што очигледно не е случај. Оние кои го прележале коронавирусот, лесно се заразуваат и по втор пат, а само неколку месеци по првата инфекција, а ризикот од заболување ист е и за помладите и за повозрасните лица – рече Ристиќ.

Тој додава дека „боде во очи“ што е можна тешка клиничка слика кај младите луѓе и дека статистичките податоци покажуваат дека тие во моментов се најзагрозени. Истакнува дека можноста за заразување од разни болести е иста за различни популации, па така малигни заболувања се среќаваат и кај млади и кај стари, но дека младите во оваа борба подолго издржуваат. Тоа не е случај со коронавирусот.

– Во приватните разговори, експерти за пулмологија ми укажаа дека вирусот се чини дека мутирал и е многу повеќе патоген и помалигнен отколку што беше на почетокот на епидемијата. Времето ќе ја покаже вистината на ова тврдење – вели д-р Ристиќ.

Според податоците на Кризниот штаб на Србија, младите луѓе до 50-годишна возраст се населението кое во моментот најмногу заболува и сочинува дури 60 проценти од вкупниот број новозаразени.

– Немаме група со ист број постари лица кои се разболуваат, за да можеме да кажеме дека младите се разболуваат со потешка клиничка слика, а постарите луѓе со поповолна. И за ова треба да помине време, со помош на кои овие искуства ќе добијат своја медицинска поддршка – наведува д-р Ристиќ.

За бубонската чума

– Бубонската чума е најмасовната инфекција која однесе најголем број жртви – околу 50 милиони луѓе ги загубија животите во 14 век од оваа болест – рече Ристиќ.

Како што објасни тој, причина за чума е бактерија, што е поволна околност, затоа што различни антибиотици делуваат на причината.

– Чумата главно се пренесува преку глодари, пред се глувци и болви, кои лесно заразуваат домашни животни, кучиња и мачки. Затоа треба да обрнете внимание на домашните миленици – вели д-р Ристиќ.

Тој посочува дека чумата може да се лекува брзо со антибиотици доколку се открие навреме и дека смртноста е многу голема. Дури една третина од пациентите умираат ако третманот не се започне навреме.

Слични содржини