Д-р Софијанова: Очекуваме пандемијата постепено да премине како грипот

од Nikola Popovski

Требаше ние стручните лица да излегуваме во јавноста и да аргументираме пред јавноста за и против вакцините. Имаше голем број шпекулации. Од имунизација речиси никој не заврши со смртен исход. Лично сметам дека кај децата овие поливалентни вакцини, особено во првите месеци што се примаа, беа и намалени во овој период на пандемијата, што основано прави страв да не се возвратат оние болести кои ние веќе ги исклучивме, рече директорката на Детската клиника, д-р Аспазија Софијанова.

Таа очекува оваа пандемија да премине постепено како грипот, за кој што постои имунизација.

-Сега гледаме дека децата имаат грип и нивниот заспан имунитет, кој што беше последица на седење дома, го активира имунилошкиот механизам. Да ги заштитиме децата, грипот не поминува обично кај нив и може да направи бактериска инфекција, појаснува Софијанова.

Слични содржини