Дачиќ: Барањето на Приштина за членство во ЕУ е за внатрешна политичка употреба на Косово

од Stefanija Kuzmanovska

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, денеска беше прашан за најавата на Приштина дека ќе поднесе барање за членство на Косово во ЕУ, и рече дека за тоа е потребен консензус „кој го нема во ЕУ“ бидејќи смета дека тоа е политичко-маркетиншки потег за внатрешно-политичка употреба на Косово.

„Пред само еден месец реков дека имаме информации дека Приштина ќе поднесе апликација за членство во ЕУ. Сметаме дека таков потег двојно не е добар. Прво, затоа што е јасно дека нема единствен став во однос на статусот на Косово, односно дека пет земји не го признаваат Косово и дека досега не е евидентирано дека некој добил статус на кандидат за членство, а прашањето за статусот не е решено и второ затоа што во услови на апсолутно непочитување на сите договори од страна на Приштина, невозможно е некој да размислува за тоа“, рече Дачиќ.

Дачиќ додаде дека е речиси невозможно некој да го прифати тоа во овие услови кога, како што вели, јасно е дека однесувањето на Албин Курти е еден од главните дестабилизирачки фактори во регионот.

Слични содржини