Дачиќ: Западот не е подготвен да изврши притисок врз Косово заради норамализација на односите

од Radmila Tasevska

Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ нема надеж за напредок во текот на новата рунда дијалог меѓу Белград и Приштина.

– Би сакал да видам одреден напредок за време на новата рунда дијалог меѓу Белград и Приштина, но нашите надежи не се преголеми токму поради (косовскиот премиер Албин) Курти и поради неподготвеноста на луѓето од Запад да извршат дополнителен притисок врз него да започне нормализација на односите, вели српскиот министер.

Дачиќ, во гостувањето на Б92, рече дека Србија мора и сака да разговара и дека таа секогаш ќе биде конструктивен дел од дијалогот, но дека Западот не разбира дека Курти „сака насилно да ги спроведе своите желби“, пренесе Бета.

– Преговорите треба да бидат статусно неутрални, но не се. Потоа нас нè критикуваат зошто воопшто одиме на разговори. Но, Србија не смее да биде прогласена за виновник, бидејќи пред се ќе страдаат луѓето што живеат во Косово, рече тој.

Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти ќе се сретнат утре во Брисел како дел од новата рунда од дијалогот со посредство на ЕУ.

Слични содржини