Дали кавгите во ВМРО-ДПМНЕ се повод за контра-анкетата на ИПИС?

од Vladimir Zorba

Еден ден по изјавата на премиерот Димитар Ковачевски дека во рамки на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ имале несогласувања меѓу Мицкоски и членовите на ИК излезе анкета на Институтот за политички истражувања на Божиновски.

Извори од ВМРО-ДПМНЕ брифираат дека изјавите на Ковачевски имаат основа, дека во изминатиот период на неколку седници на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ имало сериозни кавги каде централна фигура бил претседателот на партијата Христијан Мицкоски.

Членовите на Извршниот комитет му замериле на Мицкоски за изјавите во јавноста кои често се разликуваат една од друга, дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник за ново мнозинство и брзи избори, дека ќе прифатат уставни измени по хрватски модел, па дека немало никаква шанса да се даде поддршка за уставните усогласување и се до тоа дека ВМРО секогаш било на европскиот воз.

Информации од Извршниот комитет велат дека ситуацијата ескалирала по излегувањето на анкетата на НДИ каде се виде нов пад на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ.

Целиот коментар на следниот линк!

Слични содржини