Северна Кореја била во состојба да произведе не само атомска, но и исклучително моќна Водородна бомба, тврди севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун. Германскиот експерт д-р Еберхард Зандшнајдер во интевју за DW искрено се сомнева во тоа.

korea

ДВ: Професор Зандшнајдер, веродостојно ли звучи информацијата дека Северна Кореја поседува водородна бомба?

Еберхард Зандшнајдер: Надвор е тешко да се процени. Очигледно западните тајни служби не се сигурни дали Северна Кореја го достигна она технолошко ниво на развој, што ќе и ‘овозможи да создаде Водородна бомба. Може да се претпостави дека севернокорејскиот диктатор тврди работи кои не одговараат на вистината, за да изгледа Северна Кореја како се поголема закана.”Никој не може да каже со сигурност”

САД продава високо- технолошки оружјa на С. Арабија, овие пак го користат во Јемен наместо против ИД

ДВ: А има ли Северна Кореја таква технологија?
Е. Зандшнајдер: Сите погодуваме. Прашуваат дали Северна Кореја разви соодветна ракета-носач, што технолошки го достигна, дали овие технологии воопшто работат и дали тие се доволно развиени за да и дозволат на земјата да произведе такво оружје? Сите овие прашања се предмет на жестоки меѓународни спорови. Но никој на знае тоа сигурно.
ДВ: Северна Кореја сака да ги одврати своите “непријатели” како САД со нуклеарно вооружување. Одговара ли на современоста сличен начин на размислување?

Е. Зандшнајдер: Скриен мотив на севернокорејската надворешна политика во последните години е да се изгради пречка против веројатни воени интервенции од страна на САД. А одвраќачкиот потенцијал секогаш има две страни – фактички и вербален. Во случајот со Северна Кореја е вонредна тешко да се разликува вербална закана од реалната политика. Тоа можат да го сторат само тајните служби. Не може да се прави проценка врз основа само на надворешните набљудувања или официјални изјави од Северна Кореја.

Пјонгјанг употребува вербален радикализам?
ДВ: Да не е Кина, најблискиот сојузник на Северна Кореја, ќе избега ли Пјонгјанг од контролата?
Е. Зандшнајдер: Во кинеските реакции од последните месеци се гледа дека Пекинг не секогаш е особено задоволен од однесувањето на севернокорејското влада. Кина исто така беше изненаден и упатените зборови на адреса на Пјонгјанг. Таа нема никаков интерес од една нуклеарна трка во Источна Азија, што може да го предизвика нуклеарното вооружување на Северна Кореја. Потребни се активности исто така и од страна на Јужна Кореја, Јапонија и САД. Пекинг сака да ја превенира појава на конфликт и по можност да го минимализира вербалниот радикализам на Северна Кореја.
——————————————-
Проф. Д-р Еберхард Зандшнајдер е директор на Истражувачкиот институт на Германското друштво за надворешна политика и професор по меѓународни односи на Берлинскиот слободен универзитет

Слични содржини