Дали Ребел Вилсон повторно изгуби многу килограми? (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Откако изминатата година ослабе повеќе од триесет килограми, Ребел Вилсон беше фотографирана за време на опуштена прошетка во нејзината населба, а американските медиуми, заедно со обожавателите кои го следат секој чекор на холивудската sвезда, изјавуваат дека таа повторно ослабела.

Папараците ја фотографираа во Атланта. Според американските медиуми, Ребел повторно „ослабела“, а се претпоставува дека изгубила уште пет килограми, на оние триесет што веќе ги изгуби претходно.

Актерката не ги потврди овие наводи.

Ребел, која до неодамна беше во Велика Британија и работеше на нов проект, изгуби околу 30 килограми од почетокот на 2020 година, за што ја прогласи за година на здравјето, пишува британски „The Sun“.

 

Слични содржини