Дали Русија и Кина ќе формираат свој НАТО сојуз?

од Stefanija Kuzmanovska

Русија и Кина немаат намера заеднички да одговорат на западните санкции, не им треба воен сојуз како НАТО, бидејќи односите меѓу Москва и Пекинг се сосема различни, изјави министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.

„Не планираме специфични „трикови“ како одговор на она што се прави против нас, ниту ќе планираме. Не мислам дека ќе ги синхронизираме нашите одговори на ovie „испади“ што се преземаат против Кина и Русија“, рече шефот на руската дипломатија во интервју за „Канал еден“.

Говорејќи за можноста за формирање воен сојуз меѓу Русија и Кина, министерот потсети дека во еден од заедничките документи на највисоко ниво, „беше посочено дека руско-кинеските односи не претставуваат воен сојуз и дека ова не e нивната цел“.

„Гледаме воен сојуз во својата класична смисла на зборот во НАТО, не ни треба таков сојуз“, истакна Лавров.

Во исто време, тој потенцираше дека НАТО припаѓа на сојузите од ерата на „студената војна“, додека сега ќе му даде предност на „размислувањето во категориите на модерната ера, кога се формира мултиполарност“.

„Во таа смисла, нашите односи со Кина се целосно различни од односите на класичниот воен сојуз. Можеби во одредена смисла, тие се уште поблиску“, прецизира рускиот министер.

Според Лавров, оние од Запад кои арогантно и со навреди разговараат со Кина и Русија, не се политичари или стратези.

„Оние што разговараат со Кина и Русија со презир, од високо, со навреди – не се политичари или стратези. Ако им треба тоа, за да покажат колку се добри на новите парламентарни избори за неколку години, нека им биде“, истакна шефот на руската дипломатија.

Тој исто така истакна дека Москва и Пекинг не се обединуваат против никого.

„За време на мојата посета на Кина, министерот за надворешни работи Ванг Ји и јас усвоивме заедничка изјава за одредени прашања на глобалното управување, каде укажавме на недопустливоста на кршењето на меѓународното право, неговата замена со некои тајни правила, мешањето во внатрешните работи и во принцип сè што е во спротивност со Уставот на ООН. Нема закани таму“, прецизира шефот на руската дипломатија.

Билатералните документи на Русија и Кина секогаш нагласуваат дека „билатералната стратешка соработка и мултилатералното партнерство постојат исклучиво во интерес на нашите народи и земји, а не против некој друг“.

Тој исто така посочи дека соработката меѓу Русија и Кина „продолжува да се зајакнува квалитетно“, а во моментов се подготвува уште еден документ, кој ќе го потпишат рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот лидер Си Џинпинг, посветен на 20-годишнината од Договорот за добрососедство, пријателство и соработка.

„Нашиот стратешки договор ќе биде продолжен“, рече Лавров.

Слични содржини