Дали смееме да излегуваме на прошетки додека трае коронавирусот?

од Elena Daskalova

Ситуацијата со пандемијата од коронавирусот внесе многу промени во нашите животни навики, од кои најголема е поминувањето многу време дома, социјалното дистанцирање и самоизолацијата.

Забележани се многу случаи во кои не се почитува препораката за групни собирања на јавни места, а со оглед на убавото време, многу луѓе се прашуваат дали навистина не смеат да прошетаат барем малку. Оние кои имаат свои дворови имаат среќа во текот на денот да се занимаваат со нешто околу растенијата и дрвјата. Но, луѓето од становите ги имаат само своите балкони.

Физичката активност е клучна за зачувување на менталното здравје, кое во оваа вонредна ситуација е важно колку и физичкото. Прошетките се дозволени само доколку се придржувате на препораката да држите доволно растојание меѓу вас и другите луѓе и да избегнувате места и патеки каде има многу гужва. По можност, барем во овој период, правете ги овие активности сами.

Држењето до препораките е многу важно, што значи, не се собирајте со пријатели, не седете по клупи, не се вклучувајте во групни активности, туку само прошетајте, придвижете се, нека не биде тоа долго и потоа веднаш заминете дома, каде ќе ги испочитувате препораките за одржување на хигиената.

Најдобро е да прошетате на места во вашата близина кои се помалку прометни и каде постојат услови за одржување на безбедното растојание меѓу вас и останатите. Избегнувајте собирање на тераси и во дворови, дури и ако не сте патувале во ризични подрачја и не сте биле во контакт со потенцијално заразени лица.

Доволно е во оваа ситуација соседите само да ги поздравите, а за разговори ќе имате време. Ако има премногу луѓе, тогаш искористете време кога се намалува раздвиженоста. Само со придржување до овие мерки придонесувате бројот на заразени да не се зголеми, но и вие да не го изгубите разумот затворени зад четири ѕида.

Ако користите лифт, подобро е во овој период да го избегнувате и да се раздвижите по скалите. Од една страна се штитите себе, а од друга страна придонесувате да ги раздвижите мускулите и зглобовите. Едно запомнете – дистанца, таа е најважна во ова време.

Слични содржини