ДАЛИ ТИ Е ЖАЛ ЗА НЕГО: „Го победив Новак, а вие тоа ме прашувате?“

од Stefanija Kuzmanovska

Александар Зверев запиша една од најголемите победи во кариерата, откако го победи Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Олимписките игри.

Србинот остана без финале и првото злато од Игрите во кариерата и ќе игра в сабота за бронзата во 8.00 часот против Пабло Карењо Буста.

Зверев го очекува натпревар против Хачанов, а по победата плачеше на мрежата.

Таму, тој му рече на Новак дека е еден од најголемите на сите времиња, а потоа го прашаа дали му е жал за Новак бидејќи имал шанса да го освои златниот слем.

„Само што го победив и ме прашуваш тоа?! Ѓоковиќ има 20 Гренд слеми, тој е најдобар на светот, мислам дека е најдобро за него, но го добив сега и среќен сум поради тоа. Му реков на Новак дека е најголем на сите времиња. 99 проценти сум сигурен дека ќе заврши со најмногу Слемови и Мастерси. Знам дека играше овде за историја, за златниот слем. Му реков дека ми е жал што победив, но убаво е понекогаш да го победиш … Не можеш да освоиш се“, рече Александар Зверев.

Слични содржини