Дали во Нерези се гради верски објект без дозвола, прашуваат од Левица

од Nikola Popovski

Партијата Левица обелодени дека постојат информаци според кои во населбата Нерези, општина Карпош, се гради верски објект без дозвола.

-По пристигнатите информации од жителите на Нерези станува збор за изградба на верски објект од страна на ИВЗ на катастарските парцели 912/1 и 912/2 во сопственост на ИВЗ и Република Македонија, а кои се наоѓаат во Средно Нерези.

Советниците на Левица поднесоа барање за информации до Општина Карпош кои се однесуваат на овој случај и бараат општинските служби истите јавно да ги соопштат со цел да не се остави простор за шпекулации и тензии, a воедно и да излезат на терен со цел утврдување на фактичката состојба, се вели во соопштението на Левица.

Според партијата, изградбата на било какви верски објекти без дозвола е спротивно на законот.

-Воедно, изградбата на верски објекти не е од никаков приоритет на жителите на Општина Карпош па оттаму бараме наместо верски објекти на територијата на Општината да се градат инфраструктурни објекти од општ интерес, велат од Левица.

 

Слични содржини