Данијела Мартиновиќ се заблагодари за поддршката: Докажавте дека љубовта навистина не се откажува

од Vladimir Zorba

Даниела Мартиновиќ и Петар Грашо неодамна ставија точка на нивната љубов по 24 години врска, и иако никој од нив се уште не го објави раскинувањето, Даниела продолжи да ја промовира својата нова песна на својот Инстаграм профил „Љубовта не се откажува“ и им се заблагодари на сите за нивна поддршка.

„Дека љубовта навистина не се откажува, ми покажавте токму вие“, започна таа.

„Откако песната излезе пред две недели, постојано ги примав вашите пораки за поддршка. Ви благодарам на сите што слушавте, гледавте, пеевте каде и да сте под рајот … ви благодарам 319.626 пати“, напиша таа.

Да потсетиме, соработничката на Петар Грашо, Мартина Подгорски потврди дека тој и Даниела Мартиновиќ повеќе не живеат заедно.

„Вистина е дека Данијела и Петар во последните месеци живеат на одделни адреси, како поради деловни проекти, така и од одредени лични причини“, изјави Мартина за Индекс.

Слични содржини