Данска бележи највисока инфлација од 1984 година

од Stefanija Kuzmanovska

Данската влада денеска соопшти дека поради поскапувањето на струјата и парното, стапката на инфлација во април пораснала на 6,7 отсто, што е највисока од 1984 година.

Индексот на потрошувачките цени во март изнесуваше 5,4 отсто.

Големи промени има и кај цените на стоките, кои во просек поскапеа за 10,3 отсто, што е највисоко од 1982 година, истакна Заводот за статистика на Данска, пренесува Бета-АП.

Без цените на енергијата, основната стапка на инфлација изнесуваше 3,6 отсто, што според службата е највисока од 1990 година. На неговото зголемување во однос на март влијаеше поскапувањето на тутунот и изнајмувањето на викендички.

Слични содржини