Данска: Два случаја на згрутчување на крвта по „АстраЗенека“, едниот од нив почина

од Stefanija Kuzmanovska

Данските власти денес објавија дека се регистрирани два случаја на згрутчување на крвта кај медицински работници вакцинирани со вакцината против корона на „АстраЗенека“.

Во соопштението на властите се наведува дека еден од двајцата медицински работници вакцинирани со „АстраЗенека“ починал во болницата, и дека и двајцата работници ја примиле вакцината две недели пред да се разболат, пренесува „Ројтерс“.

Данската агенција за лекови потврди дека добиле два „сериозни извештаи“, но нема други детали. Исто така, не е познато кога болничкиот персонал се разболел.

Светската здравствена организација и Европската агенција за лекови темелно ги испитаа сите извештаи за можна врска помеѓу вакцината на „АстраЗенека“ и згрутчување на крвта кај вакцинирани лица и заклучија дека нема докази за поврзаност помеѓу вакцината и тромбозата и дека придобивките од вакцината против корона ги надминуваат ризиците.

Слични содржини