Данска и Холандија планираат да купат 14 германски тенкови за Украина

од Stefanija Kuzmanovska

Данска и Холандија ќе купат 14 тенкови Леопард за да ѝ ги подарат на Украина, соопшти денеска данското министерство за одбрана.

„Холандија и Данска денеска ја објавија својата намера да набават, обноват и донираат 14 тенкови Леопард 2А4 на Украина по успешната соработка со Германија за испорака на најмалку 100 тенкови Леопард 1А5“, се вели во соопштението на министерството.

Испораката на тенковите ќе започне во 2024 година.

Проценетата цена од 165 милиони евра ќе биде поделена меѓу Данска и Холандија.

Слични содржини