Де Лихт си избра број во Јуве

од Vladimir Zorba

Холанѓанецот Матаис де Лихт е сигурен нов додаток на Јувентус, а „Де Телеграф“ продолжува да открива детали за договорот помеѓу Ајакс и „црно-белите“. Последните вести се дека Јуве ќе плат 75 милиони евра за централниот дефанзивец. Клубовите веќе постигнаа конечен договор, одобрен од нивните адвокати и агентотна Де Лихт – Мино Рајола.

20-годишниот Холанѓанец ги одби Барселона, Манчестер Јунајтед и Пари Сен Жермен, за да се приклучи во Јувентус. Тој веќе одлучи да игра со бројот 4 за „старата дама“.

Де Лихт не се најде во групата Ајакс за кампот во Австрија токму поради неговиот претстоен трансфер. Неколку изданија во Италија објавија дека Рајола е во Монте Карло и чека повик од Торино да пристигне за финализирање на договорот.
 
Договорот со Де Лихт ќе трае 5 години, а неговата плата ќе изнесува 12 милиони евра за сезона, но ќе бидат вклучени разни бонуси.

Слични содржини