Дедо Мраз зарази 118 лица со коронавирус во Белгија

од Nikola Popovski

Дедо Мраз, кој посетил дом за стари лица во Белгија, заразил 118 лица со коронавирус.

Според вестите на локалните медиуми, син на лице кое претстојува во домот за стари лица во градот Антверпен, во костум на Дедо Мраз, го посетил местото за да ги развесели постарите лица кои живеат таму.

Сепак, кратко по посетата, 45 лица кои биле во близок контакт со него, започнале да покажуваат симптоми на инфекција.

Неколку дена по посетата на Дедо Мраз, инфекцијата била потврдена кај 98 стари лица и 20 вработени.

Фотографиите направени за време на посетата покажуваат дека голем број луѓе не носеле заштитни маски.

Слични содржини