Делењето тупаници е срам, велат од ВМРО-ДПМНЕ за физичкиот напад врз Бислимовски

од Nikola Popovski

Кога ДУИ и СДСМ ќе се договорат за 14 изгорени луѓе од Тетово, сложно викаат дека крив е кабелот, кога не може да се договорат за бизниси делат тупаници среде Скопје како Бислимоски и синот на Џафери, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ како реакција на физичкиот напад врз претседателот на РКЕ.

Според нив, ваквото делење тупаници среде главниот град е срам за државата.

-Обвинителство да ги повика да кажат што делат, што множат двајцата од власта. Да се истражи не само тепачката туку и мотивите за тепачката. Ова е брука за институциите, велат од „Белата палата“.

Утрово беше објавено дека Аријанит Џафери, син на поранешниот функционер на ДУИ Муса Џафери и сопственик на компанијата за снабдување со електрична енергија „У Пауер“, физички го нападнал претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски.

Портпаролката на РКЕ, Марина Узунов за „Локално“ го потврди инциденот во кој беше нападнат претседателот на Регулаторна и информираше дека Марко Беслимоски се чуствува добро.

-Претсдетелот е добар, колку и да е тоа соодветен збор по инцидентит кој се случи синоќа каде тој беше нападнат во центарот на градот. Нападот е пријавен во МВР. Сакам да ја информирам јавноста дека како и до сега така и од сега Рке ќе продолжи да работи транспарентно согласно законот и единствно по што се водиме и ќе продолжиме да ги водиме постпките е врз основа на силата на аргументите, а не на физичка сила. Претседателот Бислимоски инцидентот го пријави во соодветните институции. РКЕ како и до сега ќе продолжи да се води од постулатот на заштитата на потрошувачот и сигурноста и стабилноста на електроенергетскиот систем, изјави портпаролката на РКЕ.

Слични содржини