Делта сојот ќе стане доминантен во Грција до крај на август

од Vladimir Zorba

Делта сојот Ковид-19 се очекува да стане доминантен во Грција до крајот на август, поради што населението треба да се вакцинира, рече претседателот на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), Панајотис Аркуманеас.

Тој за телевизијата „Скај“ изјави дека 11 случаи на делта биле откриени во Атина, а вирусот е присутен и на Крит и префектурата Коринт.

– Веќе утврдивме дека има 11 случаи на делта, и денес очекуваме да слушнеме за повеќе случаи. Оние кои не биле вакцинирани се изложени на ризик – рече Аркуманеас, додавајќи дека мутираниот тип на коронавирус е позаразен за „50 до 60 проценти“, објави „Катимерини“.

Грција денес ќе одржи итен состанок на високо ниво за да утврди стратегија за запирање на ширењето на делта вирусот, и се очекува да присуствуваат голем број важни здравствени лидери, како и членот на кабинетот на премиерот, Акис Шеркос.

„За да го поминеме летото, мора да се вакцинираме“, додаде Аркуменеас.

Слични содржини