Деми Мур на 59 години покажа неверојатно тело во костим за капење

од Vladimir Zorba

Деми Мур објави фотографија во костим за капење на Инстаграм. Таа позираше на јахта и во описот на фотографијата напиша дека скокала од радост последен пат пред да започне есента.

Нејзината фотографија собра скоро 60.000 лајкови за еден час, а фановите ја пофалија во коментарите на сметка на изгледот.

„Прекрасна си“, „Изгледаш одлично“, „Те обожавам, Деми“, „Многу убава жена“, се само некои од коментарите.

Деми не откри каде моментално се одмара.

Пред малку повеќе од две недели, актерката беше во Дубровник. Уживаше во Вила Агаве, а нејзини пријатели и правеа друштво.

Слични содржини