Деми Мур за првпат го покажа новото момче: Тој е 13 години помлад од неа (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Актерката Деми Мур на Инстаграм ги објави првите фотографии со своето ново момче, готвачот Даниел Хум.

Таа откри дека биле во Париз и објавила заеднички фотографии кои се направени на овогодинешниот Ролан Гарос.

Нејзините следбеници во коментарите наведоа дека таа и нејзиниот нов партнер изгледаат многу среќни и заљубени.

Инаку, Хум е сопственик на синџирот елитни ресторани NoMad, како и на ресторанот Davies and Brook во Лондон, а пред три години го поврзаа со вдовицата на Стивен Џобс, но не е јасно во кој момент тие двајца ја завршија својата романса.

Тој беше виден во друштво и на Меган Маркл пред таа да се омажи за принцот Хари, а сега најде љубов со 13 години постарата актерка.

Слични содржини