ДЕМОКРАТИТЕ ГО ПРЕЗЕДОА СЕНАТОТ: Ова се тројцата нови играчи во горниот дом на Конгресот

од Stefanija Kuzmanovska

Демократите ја презедоа контролата над Сенатот, откако тројца нови сенатори положија заклетва пред потпретседателката Камала Харис.

За првпат по 10 години, Демократската партија сега има тесно мнозинство во двата дома на Конгресот и претседателот во Белата куќа.

Демократите Рафаел Варнок и Џон Ософ од Џорџија и Алекс Падила од Калифорнија положија заклетва во Сенатот неколку часа откако претседателот Џо Бајден ја презеде функцијата.

Ворнок и Ософ ги поразија двајцата актуелни сенатори во вториот круг од изборите во Џорџија на 5 јануари, така што Сенатот има сооднос на моќност 50:50, но според Уставот, потпретседателката Харис, демократ, има одлучувачко гласање во ситуации кога гласањето во Сенатот е поделено, пренесува „Гласот на Америка“.

Тројцата демократи му дадоа на Бајден тесна предност со цел да се постигнат политички цели кои вклучуваат нов пакет помош за жртвите на пандемијата на коронавирус во светло на длабоки политички поделби.

Слични содржини