Демократскиот сoјуз бара да се продолжи рокот за вадење лични документи

од Nikola Popovski

Демократскиот сојуз предлага Владата да предложи измена на законите со кои ќе се продолжи рокот за замена на личните документи (лични карти, возачки дозволи и пасоши) до крајот на оваа гoдина.

Замената на лични документи е согласно Договорот потпишан во Преспа, помеѓу Македонија и Грција, но, посочуваат од партијата на Павле Трајанов, дека повеќе од јасно е дека нема технички можности, како и доволен кадровски потенцијал, за до почетокот на февруари, да се заврши оваа операција.

-Овој состав на Владата или Техничката Влада, треба да ги подготви законските измени, по што Парламентот по итна постапка да ги донесе. Евентуалните отворени прашања со Грција треба дa се разрешат по дипломатски пат. Пред шалтерите на МВР се создаваат огромни и неподносливи гужви, каде граѓаните чекаат во колони и по два дена за замена на документите, порачаа од ДС.

Слични содржини